Компанијата Platan-Frofi е современа компанија која специализира во произвотство,трговија и услуги  на квалитетни и професионални  услуги и производи . Различни производи за различни потреби се достапни во нашиот каталог како уредување,одржување,засадување,зимзелени растенија,сезонски цветен расад,овошки,саксиско цвеќе и  генерално производи за вашиот дом или работно место да се разубави и биде пријатно за живеење и работење . Hашата цел е една и единствена : Задоволството на нашите клиенти. Според ова со тек на време ние разбравме дека врз големиот труд и тешка работа  има позитивна страна кога ќе примиме позитивни коментари од нашите задоволни  клиенти, задоволството е наше. Ова не држи во баланс и не води до успехот.

Компанијата Platan-Frofi од нејзиното создавање па се до денес опстојува и се развива на македонскиот пазар како конкурентна, континуирана и посветена на своите клиенти. Со својот специфичен стил и начин на работа се докажа во остварување и задржување на значајни клиенти во земјава. Има добиено неколку признанија од компетентни експерти во хортикултурата.

Компанијата Platan-Frofi е основана во 2008 година. Platan-Frofi е во семејна сопственост на сопружниците Јовица и Тијана Трајковски. Лоцирана е на одалеченост од окулу 8 километри од центарот на Скопје во с.Ново Село. Главниот технолог ко-сопственикот Јовица пред основањето има долгогодично искуство во истата индустрија покажан и докажан во својата дејност.

Веруваме дека успехот на една компанија не се вреднува само според профитот и водечката позиција на пазарот туку и според тоа колку компанијата е одговорна кон заедницата. Затоа настојуваме нашите активности да бидат засновани на одговорна работна пракса со цел да ја оправдаме довербата на клиентите и заедницата во која делуваме.

Одговорното работење, грижата за нашите вработени, заедницата и животната средина во која опстојуваме се исклучително важни сегменти од стратегијата на нашата компанија. Посветено работиме на развој на мултидимензионална програма за општествена одговорност која покрива широк спектар на области во и вон компанијата. Со тоа ја исполнуваме нашата визија, да оставиме значаен белег врз заедницата, но и да бидеме добар корпоративен граѓанин и компанија за пример.

tree-1247796_960_720

Компанијата Platan-Frofi располага со:

  • Гарден центар (продажно место) со површина од 500м2
  • Расадник кој се протега моментално на површина од 2500м2 со план за проширување